Бектеши: Туризмот се враќа во нормала

 

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6%, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Согласно податоците на надлежните, бројот на ноќевања бил зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

„Бројот на Домашни туристи е зголемен како резултат на Кампањата „ДОМА СИ Е ДОМА" и Ваучерите за туризам, додека кај странските туристи „БЕЗБЕДНОСНИОТ ПЕЧАТ (safe travel stamp)" ги даде очекуваните резултати, изјави министерот Бектеши.

 

Оваа година Министерството за економија како една од мерките за поддршка на туризмот додели над 3.500 ваучери за домашен туризам во вредност од 12.000 денари за работници со ниски приходи коишто можат да се користат во домашните туристички капацитети најдоцна до 30 ноември годинава.

 

14.09.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега