Дуинг Бизнис: Македонија лидер на Балканот за водење бизнис и ТОП10 бизнис реформатор во светот

Во неодамнешното рангирање на Дуинг Бизнис 2014 за земјите најповолни за водење бизнис, Македонија се најде на високото 25 место од вкупно 189 земји. Оваа година Македонија е за 11 места повисоко во однос на 2013 година и зад себе ги остава сите балкански земји.

Економската политика на Владата се покажа како успешна и оваа година. Предвидените проекции за пораст на економијата се остварија и повеќе од очекуваното, а Народната банка на Република Македонија објави податоци што проектираат раст на БДП од 3,3 отсто оваа година и раст во наредните 2014 и 2015 година за 3,7 отсто, односно 4,4 отсто.

Балканските земји, меѓу кои и земјите членки ЕУ од Балканот се далеку неповолни за водење бизнис во однос на Македонија. Зад нас се: 33. Словенија, 39. Кипар, 44. Црна Гора, 58. Бугарија, 69.Турција, 72. Грција, 73. Романија, 86. Косово, 89. Хрватска, 90. Албанија, 93. Србија  и 131. Босна и Херцеговина.

Областите во кои што Македонија највисоко котира на листата на Дуинг Бизнис и е една од водечките земји се Основањето и стартот на бизнисот(7 место) , Поволноста за подигање кредити(3 место) и Заштитата на инвеститорите(16 место).

Македонија на Дуинг Бизнис 2014 листата исто така се наоѓа и во ТОП10 бизнис реформатори во светот, што уште еднаш ги покажува успешните економски политики кои ги води земјата.

 

Според предвидените проекции за раст на БДП за наредните 2 години, Република Македонија има можност да се искачи уште повисоко на ранг листата на Дуинг Бизнис, но само со продолжување и унапредување на успешната економска и бизнис политика.

14.11.2013 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега