Тајните агенти на Обама ја загубија работата поради сексуално вознемирување

 

Агентите на американскиот претседател Барак Обама се сменети бидејќи едниот од нив праќал фотографии со сексуална содржина, додека другиот се обидел на сила да влезе во собата на една девојка во хотел.

Двајцата американски тајни агенти се сменети од работното место поради недоличното однесување, пренесува Вашингтон Пост.

Исто така и во април минатата година се случи инцидент кога обезбедувањето на Обама изнајми проститутки во Колумбија, по што веднаш беа суспендирани.

14.11.2013 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега