За квалитетна едукација, потребно е да се користат компјутерите во училиштата

 

Во Македонија, клучен проблем за професорот е внесувањето на оцени во електронскиот дневник. Во светот, развиен е систем за професорот во текот на целиот час да ги следи своите ученици преку нивните компјутери.

„Професорот може да ги следи компјутерите на своите ученици директно на голем екран пред себе за време на часот – да блокира, сподели или само да ја набљудува меѓусебната интеракција на учениците.“ – изјави Хуан Пабло Фереро (Juan Pablo Ferrero), Manager Intel Educational System.

Овој систем е дело на водечката компанија во ИТ светот – Интел, а веќе на големо се користи во развиените земји. Учениците во Германија, САД, Британија и уште многу земји во Европа не можат да ги замислат часовите без вклучен компјутер пред себе. За водечките луѓе во Интел така и треба да изгледа образованието во 21-виот век.

„Фокусирање на способностите на 21-виот век – решавање на проблеми, критичко размислување, итн., способности потребни за да се створат нови бизниси“ – изјави Шели Еск (Shelly Esque) – Vice President Corporate Affairs President, Intel Foundation. „Пакетот – студентски софтвер, вклучува се’ што е потребно за креирање на способностите на 21-виот век – комуникација, колаборација, креативност, критичко размислување и дигитална писменост“ – додаде Хуан Пабло Фереро.

Потпретседателот на Интел Џон Дејвис изјави дека Македонија е лидер во регионот за имплементација на нови технологии во правец на подобрување на образованието, но, има уште да се работи во делот на едукаторите (наставници, професори) за директно да се подобри квалитетот на образованието што би требало да резултира со генерирање на економски раст.

 

Експертите на Intel Educational Summit – поглед во иднината на образованието кој неодамна се одржа во Варшава, велат дека во следните десет години секој човек ќе поседува најмалку три уреди со пристап до интернет. Повеќето од овие уреди ќе се користат токму во образованието.

 

 

13.11.2013 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега