МВР со детали за сообраќајката во Центар: Загина скопјанец
Скопјанец загина во сообраќајна несреќа која се случи денеска во Центарот на Скопје.
„На 13.07.2021 во 10:30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од село Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.
13.07.2021 - 16:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа