Владо Илиевски ја продолжува кариерата во Чешка

По раскинувањето на договорот со Цедевита, македонскиот кошаркар Владо Илиевски ќе продолжи со својата кошаркарска кариера во чешкиот клуб Нимбург.

Информацијата за Илиевски ја потврди и чешкиот клуб на својата официјална страница.

-Владо е искусен кошаркар и очекувам да биде големо засилување за нас. Тој важи за кошаркар кој во секој момент знае да пронајде слободен играч и знае како се добиваат неизвесни натпревари, изјави тренерот на тимот Кестутис Кемзура.

12.11.2013 - 15:51
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа