ДУИ ќе бара градоначалник на Скопје да биде етнички Албанец?

 

Ахмети најави „големо изненадување“ на 5 јуни најавувајќи а медиумите веќе шпекулираат дека станува збор за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Скопје кој ќе биде етнички Албанец.
ДУИ тоа веќе го најавува и со билборди на кои пишува „нешто големо доаѓа“.
Слична кампања ДУИ водеше и во пресрет на парламентарните избори кога на ист начин ја промовираше идејата за прв премиер Албанец.
Ваквиот настап на ДУИ дава аргумент плус на претпоставките дека интегративците ќе одат во коалиција со СДСМ на локалните избори.
Она што е нејасно е дали Заев ќе даде поддршка за оваа идеја или СДСМ сепак ќе оди со свој кандидат за градоначалник на Скопје, а поддршката од ДУИ ќе ја чека во вториот круг. Премиерот Заев веќе излезе со став дека Петре Шилегов е неговиот фаворит за градоначалник на Скопје. И самиот Шилегов веќе неколку месеци е растрчан по скопските улици и промовира проекти, типично за градоначалник кој се надева на втор мандат.
СДСМ и ДУИ веќе имаа соработка и на последните локални избори откако социјалдемократите не кандидираа свои кадри на местата каде што кандидатури имаше ДУИ и беше извесно дека ќе победи.
Останува прашање што ќе се случува со партијата БЕСА која е коалиционен партнер на СДСМ имајќи предвид дека и тие атакуваат пред се на Тетово и Гостивар како клучни центри во албанскиот етнички блок, што е во спротивност со апетитите на ДУИ кои исто така очекуваат свој кадар на градоначалничките позиции во овие општини.

03.06.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега