Субрата Рој се сели во куќата на Дракула

 

Индискиот конгломерат Сахара Груп, за 27 милиони фунти ја купил реномираната готска куќа во Виндзор, во која се снимаа филмовите „Дракула“ и 'Rocky Horror Picture Show', пишуваат индиските медиуми.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој во интервју за Times of India вели дека имотот има 120 соби, вклучувајќи 11 луксузни апартмани, како и дополнителни објекти за состаноци и конференции и ќе служи како седиште на компанијата во Обединетото Кралство.

-Нема да го претвориме во хотел, меѓутоа ќе го употребиме како седиште на нашата компанија во Британија. Имотот се протега на 40 хектари земја и претставува една од најлегендарните готски градби во Обединетото Кралство, изјавил Рој за Times of India.

Сахара Груп веќе има имот во Велика Британија. Во нејзина сопственост е хотелот “тежок“ 470 милиони фунти, Grosvenor House. Хотелот има 420 соби, 74 апартмани и 27 соби за состаноци.

Индиските медиуми во последно време пишуваат дека Сахара Груп можеби ќе влезе во бизнис со висока мода. КОмпанијата, пишуваат медиумите, е во преговори за купување на мнозинскиот сопственички пакет на Genesis Luxury, компанија која ги претставува и продава модни брендови Armani, Burberry, Canali, Paul Smith и Jimmy Choo во Индија. Оваа трансакција е проценета на 40 милиони фунти.

 

10.11.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа