ВИДЕО: Со шише маваше по потпретседателката во Собранието - СДСМ го предложи за Претседател на ДИК

 

Никола Рилковски ќе биде кандидатот на СДСМ за претседател на Државната изборна Комисија. Неговото име е единственото кое пристигнало во архивата на македонското Собрание. Тој треба да го наследи Борис Кондарко на функцијата прв човек на ДИК, по оставката од пред неколку недели.
За да стане Претседател на ДИК, Рилковски треба да добие двотретинско мноинство во Собранието. Тој е дипломиран правник и поранешен пратеник. Јавноста го памети откако како паратеник, во моментот кога Собранието реши да му го одземе имунитетот на Владо Бучковски тој со шише ја мавна претседателската на комисијата за мандатно имунитетни прашања, Светлана Јакимовска. 

08.11.2013 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега