Проверете дали работите со психопат

 

Како што најверојатно ви е познато, психопати има повеќе отколку што можеби мислите, а повеќето од нив тешко може да се забележат од првите неколку средби.

Сепак, сите тие споделуваат некои одредени заеднички однесувања, тврди експертката Лилиан Глес, која долги низа години соработувала со ФБИ, помагајќи им во откривањето на лажговците и сигналите кои упатуваат на измама.

Неодамна ја напиша книгата „Говорот на телото на лажливецот“, Бизнис инасајдер издвои дел од начините на кои ќе го препознаете психопатот колега, соработник или шеф.

Секогаш во говорот користат минато време

Истражувачите откриле дека психопатите многу почесто користат минато време од сегашно, што е јасен показател дека не се присутни во сегашноста, тврди Глес.

Изјавите често им содржат причина и последица

Со оглед на тоа дека психопатите сметаат дека се на светот, вклучувајќи ги и другите луѓе, се нешто што им припаѓа ним, истражувачите на Јуниверзити Бритиш Колумбиа откриел дека тие многу почесто од обичните луѓе ги употребуваат фразите „затоа што“, „така што“. Така ги рационализираат своите постапки со сопствената логика.

Често зборуваат за своите потреби

Бидејќи ретко некој друг ги преокупира, многу зборуваат за сопствените основни потреби, како што се храната, живеалиштето, облеката. А кога зборуваат за тие работи најчесто употребуваат двојно повеќе зборови отколку инаку или соговорниот го затрупуваат со голема количина информации.

Не преземаат одговорност или вина

Психопатите најчесто мислат дека тие се жртвите, што доаѓа од тоа дека имаат чувство дека тие имаат право на се и во се.

- Психопатите за себе зборуваат со фалење и ги обвинуваат другите, непреземајќи ја одговорноста за своите дела, пишува Глес.

Често се противречни

Контрадикцијата може да се случи дури и во рамките на една единствена реченица.

- Психопатот ќе лаже или ќе ја одбегнува информацијата кога ќе ги прашате нешто, но би можело да ви ја каже вистината ако малку го преформулирате прашањето. Истражувачите откриле дека тоа има врска со посебниот начин на кој нивниот мозок вмрежен, тврди Глес.

Многу лошо им оди плачењето

Кога психопатите плачат, многу често ќе ги бришат солзите под едното па под другото око, во правилни интервали. Глес пишува: - Кога луѓето искрено плачат, плачат наеднаш од двете очи. И затоа ги бришат паралелно.

Говорот на телото не им е во сооднос со она што го зборуваат

Глес тврди дека психопатите често зборуваат едно, додека нивниот говоро на телото укажува на спротивното. На пример, додека го изговара зборот „не“, психопатот потврдно ќе кимнува со главата или обратно

08.11.2013 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега