Зоран Божиновски доби 30 дена притвор

Зоран Божиновски доби 30 дена екстрадиционен притвор. Божиновски кој вечра по меѓунарона потерница беше уапсен од српската полиција во Нови Сад, во Македонија се бара по меѓународна потерница, како еден од осомничените во случајот Шпион. Се очекува, Македонија веднаш да ја започне постапката за негова екстрадиција. По комплетирањето на документацијата, тој се очекува да биде префрлен во Македонија, каде обвинителството ќе се обиде да ја докаже неговата вина. 
Осоничените во случајот Шпион беа уапсени на 16 септември. Полицијата приведе десетина лица и обезбеди документација според која обвинителството ќе му докажува на судот дека осомничените продавале сензитивни информации, обезбедувале компромитичарки материјали и им се заканувале на разни бизнисмени

08.11.2013 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа