Грчки медиуми: Груевски задоволен од средбата Нимиц-Меркел

Грчките медиуми денеска наголемо пишуваат за изјавата која вчера македонскиот премиер Никола Груевски ја даде при отварањето на новиот ПЕТ-Центар во Македонија, околу средбата на медијаторот за името, Метју Нимиц и германската канцеларка Ангела Меркел.

Грчкиот весник „Катимерини“ истакнува дека Груевски бил задоволен што Германија детално ќе биде информирана за текот и содржината на преговарачкиот процес за прашањето за името.

- Не би  коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања, ја пренесуваат сите медиуми оваа изјава на македонскиот премиер.

Исто така и грчкиот „Нафтемборики“ подвлекува дека „Груевски ја нагласил важноста Германија, како особено важен фактор во политичките случувања во Европа да биде добро информирана за она што се случува во последниот период во односите со Грција, затоа што, како што истакна, мисли дека неговата земја има исправна и конструктивна позиција“.

 „Њузбомб“ коментира дека „вреди да се напомене оти грчката страна воопшто не ја коментираше...во најмала рака сомнителната, ако не и дискурзивна интервенција на Меркел во чисто домашно прашање за Грција“, додека „Реал“ претходно напиша дека дипломатски извори не ја криеле својата вознемиреност поради фактот што не биле информирани за средбата Меркел-Нимиц.

08.11.2013 - 10:58
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега