Силен тајфун се заканува на Филипини - евакуирани над 125.000 лица

Силен тајфун се заканува на Филипините. Евакуирани се над 125.000 лица на Филипините. 

Во 22 филипински провинции е откажана наставата во училиштата и прекинат воздушниот и поморскиот сообраќај.

Тајфунот  Хаијан досега ги погоди централните острови Самар и Леите, предивикувајли прекин на електричната енергија, но сеуште нема информации дали има загинати.

Ветерот, кој во жаришето на тајфунот достига јачина до 76,4 метри во секунда, откорна повеќе дрва, поради што на некои патни правци дојде до прекин во сообраќајот.

Тајфунот се движи кон северозапад со брзина од 29 километри на час. Се очекува по Филипини тој да се насочи кон Виетнам и Лаос.

08.11.2013 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега