Бројот на загинатите од урнатата осумкатна зграда во Бангладеш надмина 900
Бројот на загинати од урнатата осумкатна бизнис зграда во Бангладеш, од пред половина месец, надмина 900, пренеса агенциите, повикувајќи се на локалните власти.
До овој момент потврдена е смртта на најмалку 912 лица. Претходните податоци се однесуваа на 803 загинати.
Во текот на ноќта откриени беа уште над 100 трупа.
Во урнатата зграда во градот Савар, на околу 30 километри северозападно од главниот град Дака, се наоѓаа пет шивалници, продавници и банка.
Властите во Бангладеш вчера безбедносни причини затворија текстилни фабрики, прв пат по несреќата.
Текстилниот сектор е од клучно значење за националната економија, а многу западни брендови се произведени токму во оваа земја.