Поништени се изборите во северниот дел во Косово

Поништени се изборите во српскиот дел од Косовска Митровица. Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави вчера дека со вицепремиерот Александар Вучиќ ќе бараат од Брисел поништување на изборите во Северно Косово.

Дачиќ истакна дека една од темите на средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи и врховниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ќе биде поништувањето на изборите на 3 ноември на местата, каде Србите спречени да гласаат или заплашувани.

Српскиот премиер нагласи вчера дека на средбата ќе биде отворено и прашањето за формирање на сојуз на српските општини

06.11.2013 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа