Седница на Уставен суд

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница, прва со која претседаваше новоизбраниот претседател Елена Гошева, расправаше за уставност на одредби од еден закон, два подзаконски акта и по две барања за заштита на слободи и права.

Судиите расправа за уставноста на три члена, 72, 73 и 74 од Законот за социјална заштита, донесен 2009 година и четирипати дополнуван досега.  Одредбите беа оспорени од аспект на тоа дали со нив се создава нееднаквост, со оглед дека паричниот надомест за помош и нега од друго лице за наведените категории имаат само лица кои се над 26 години. Вистината на тој надомест зависи од тоа дали потребата од помош и нега од друго лице е од поголем, помал обем или е привремена промената. Судот одлучи да не поведе постапка затоа што оцени дека разликата меѓу овие лица е во тоа што имаат различен степен на потреба од помош и нега. 

Судиите расправаа за три одлуки донесени од Правниот факултет во Кичево, две од 2009 и една од 2012 година, за надоместување на трошоците за патување и престој на вработените и надворешните соработници на овој факултет. По расправата, Судот одлучи да ја отфрли иницијативата зошто утврди дека содржината на трите акти се однесува на внатрешните односи во Правниот факултет во Кичево, од што произлегува дека се тоа интерни акти, поради што не претстаавуваат прописи од надлежност на Уставниот суд, а се расправаше и за актот наречен Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија, донесен од Трговското друштво „Дистрибуција на топлина“ во 2012 година. 

Судот расправаше и за две барања, кои ги отфрли. Првото Барање се однесува на некои дејства меѓу трговските друштва „МАЦРЕМ“ и „ЛАНД СЕРВИС“. По расправата, Судот утврдил дека во суштина се бара од него да влијае во деловните односи меѓу двете трговски друштва, што не е во негова надлежност. За наодите за дискриминација по основ на раса, верска, национална и социјална припадност кај вработени во „ЛАНД СЕРВИС“, Судот утврдил дека се оспорува дејство од кое поминало повеќе од 60 дена од денот на поднесувањето на Барањето. Поради тоа, Барањето е отфрлено.

 

06.11.2013 - 15:54
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега