Со мустаќи до подобро здравје - започна десеттиот Моември

Започна Моември-месецот на машкото здравје.  Веќе десетта година по ред на светско ниво се организира месецот во кој мажите со поддршка од понежниот пол на оригинален начин го дигаат гласот и собираат средства со цел подобрување на здравјето.

Моеври започнал да се одбележува откако група пријатели од Австралија пред околу 10 години по разговор за ретро модата и враќањето на трендовите одлучиле да си постават предизвик и да пуштаат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата. Во текот на првата година имало само 450 активисти кои собрале 54.000 американски долари, додека минатата година во целиот свет 1.9 милиони активисти на Моември собрале повеќе од 150 милиони долари!

Правилата на светско ниво се следни: 1-ви ноември е датумот на кој сите мустактивисти ја бричат својата брада, па цел месец пуштаат мустаќи, бараат спонзори за својата „активност“, луѓе кои ќе платат пари на сметка на организацијата за храброста и одважноста на оној кој одлучил да израсне мустаќ и придонесуваат за подобрување на квалитетот на машкото здравје, со тоа што изгледаат како мажи. Оние кои имаат мустаќи се охрабрени да почнат од нула, како и другите, со цел токму мустаќите да бидат супер медиум кој ќе ги натера луѓето околу вас да се заинтересираат за акцијата.

Секој кој сака да биде дел од движењето може да се регистрира на официјалниот сајт на Моември movember.com, да направи свој  кориснички профил преку кој се врши донацијата на средствата, директно во фондот насветскатаорганизација Movember која потоа ги пренасочува кон истражувачите на лек за ракот на простата, ракот на тестиси и менталното здравје.

ТтимотMovember Macedonia годинава „настапува под американско знаме“  за да има опција да креира тим на активисти кои и индивидуално но и во името на групата ќе работат за каузата на светската организација. По повод месецот на машкото здравје во Макеоднија ќе бидат организирани настани на кои ќе се промовира акцијата.

Повеќе информации за активноста на Моември Македонија можете да најдете на фејсбук група Movember Macedonia и на Твитер профилот: @MovemberMK.

06.11.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа