Возачи на 12-ка и 22-ка се истепале среде Скопје

Денеска околу 15-40 часот, спорти среното училиште „Здравко Цветковски-ГУЦ“ беше избегната сообраќајка помеѓу два приватни автобуси со број 22 и 12, јави Сител.

До несреќа ќе дошло откако автобусот со број 12 влегол во третата лента од улицата, каде возел и автобусот со број 22, по што автобусот кој бил на третата лента, за да избегне сообраќајка летнал од улицата и се качил на тротоарот.

После избегнувањето на несреќата, револтираниот возач на приватната 22-ка со железен клуч му се заканувал на возачот на другиот автобус, по што другиот возач исто така извадил метален предмет.

Возачот од приватната 22-ка излегол од автобусот, по што влегол во 12-ката и го нападнал возачот, а она на што биле сведоци патниците било крв и искината облека од двата возачи.

Како што информира нашиот новинар од терен, случајот бил пријавен во полиција, по што веднаш беше интервенирано со 5 возила на МВР. Но тука не завршила оваа голгота.

Веднаш откако лицето кое се јавило во полиција се качило во друг автобус, по него се качил и револтиран дечко, по што се обидел и физички да се пресмета со лицето кое пријавило, но не успеал поради огромниот број на патници, па целиот случај останал на закани по животот.

05.11.2013 - 22:43
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега