Лога: 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и 2/3 за уставните измени


Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност, истакна Кренар Лога, генерален секретар на АА - министер за правда.

„Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор.

Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование,  односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно.

*Нема врска друже, здравството не го чепкаат, зборував со Мицко“, посочи Лога.

 

03.06.2024 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега