„Денеска е ден за славење“- Пејачката Јулија емотивна сподели убава вест (ФОТО)
Пејачката и водителка Јулија минатата година објави статус на социјалните мрежи, со кој откри дека нејзината ќерка Андријана боледува од канцер, а сега објави добри вести.
Имено Јулија сега на својот профил напиша дека нејзината ќерка Андријана ја добила последната, осма хемотерапија и им се заблагодари на сите кои биле покрај нив.
Таа во својата објава се заблагодари на целиот лекарски тим кој работел со Андријана како и на нејзината најверна другарка,а на крај му заблагодари и на Бог.
„Ви благодариме од срце, убави луѓе. Вашата мисија во нашите животи е многу важна, зошто ни помогнавте да го надминеме најтешкиот дел од нашите животи. Бидете благословени од Господ со убавина, за вашата благородна мисија.
Му благодарам на Господа за твојата вечна и неисцрпна милост. Слава и благодарност на мојот Бог“ напиша Јулија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа