Е ова се вика љубов: Украл камила за да ја изненади девојката за роденден- уапсен маж од Дубаи
Полицијата во Дубаи уапси маж бидејќи украл скапо младенче од камила со цел да и ја подари на девојка за роденден, објави денеска државниот весник на Обединетите Арапски Емирати.
Сопствениците на бебето камила пријавиле кражба од нивната фарма на почетокот на овој месец, па полицијата во Дубаи безуспешно ја пребарувала областа
Неколку дена подоцна, граѓанин пријавил кај властите дека на неговата фарма се појавила скитничка камила, оддалечена околу три километри.
За време на испрашувањето, неговата оригинална приказна „паднала во вода“, па наскоро признал дека упаднал во фармата на неговиот сосед и украл редок вид камила за да и подари на својата девојка и дека пријавил „скитник-младенче“ на полицијата бидејќи се плашел дека ќе биде уапсен, пренесува полицијата.
Don't steal camels for nobody. Don't steal at all!! https://t.co/lWCyjdu7Ll
— Lovin Dubai | لوڤن دبي (@lovindubai) February 17, 2021
Полицијата ја вратила камилата кај сопствениците и ги уапсила осомничениот и неговата девојка, обвинувајќи ги за кражба и давање лажна изјава, објавиле медиумите.
Камилите некогаш биле составен дел од секојдневниот живот во Дубаи, кој сега е светска метропола и град на иднината во Персискиот Залив.
Некои луѓе сè уште одгледуваат камили за храна и млеко.
На Емиратите, трката со камили е многу популарна забава, но има и повремени избори за „Мис Камила“ што привлекува трговци кои се подготвени да платат милиони долари за најценети раси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа