Со изборите Белград призна дека Косово не е Србија ?!

Во репортажа на ТВ Русија за локалните избори во Косово, руски новинари оценуваат дека со тоа што им дозволи на „сепаратистите“ да организираат избори, Белград признал дека Косово не е Србија.

„ Албанските власти спроведоа избори, добивајќи поддршка од САД, ЕУ, па дури и од Белград. Само никој не ги праша косовските Срби дали се согласуваат со тоа. Тие изјавија дела Белград ги измамил и не сакаат да живеат под власта на албанските сепаратисти“, наведува телевизијата.

 

Во репортажата, рускиот медиуми додава дека тврдоглавоста е карактеристична особина за повеќето од 40.000 косовски Срби, кои се отсечени од татковината и не ја признаваат српско-косовската граница.

05.11.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега