Во Грција е формирана нова терористичка организација која ги уби членовите на Златна зора

Експертите од Грција кои го истражуваат убиството на двајцата припадници на Златна зора се фокусирани на затворен круг на осомничени поврзани со напади за кои одговорноста ја има преземено терористичката група „Секта на револуционери“. За оваа група се верува дека не била активна од убиството на новинарот Сократис Гиољас во јули 2010 година.

Осомничените кои се под истрага  ја избегнале полициската операција против домашниот тероризам во 2009 и 2010 година или се меѓу оние кои биле ослободени откако поминале максимум 18 месеци во истражен притвор.

Полицијата верува дека убиствата во петокот ги извршила нова организација составена од членови на „Сектата на револуционери“ и други герилски групи како што е „Заговор на ќелиите на огнот“.

Весникот „Катемерини“дознава дека е можно да се формирала „втора генерација Секта на револуционери“.

 

Засега никој нема преземено одговорност за нападот врз канцелариите на Златна зора минатата недела, во кој загинаа двајца членови на неофашистичката партија.

05.11.2013 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега