Во вооружен напад во Чешка се убиени две лица

Синоќа во чешкото село Рашковице, откако вооружен маж отворил оган, се убиени две лица, а едно е тешко повредено.

Животот го загубиле девојче и возрасен маж, додека жената која е повредена е веднаш пренесена во болница.

Полицијата изјави дека осомничениот напаѓач е уапсен, но неговиот идентитет не е соопштен, ниту пак е позната причината и хронологијата на случувањата

 

Според информациите од тамошните медиуми, осомничениот кај себе имал три различни огнени оружја.

05.11.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега