Самарас: Грција води преговори и не е во војна со ЕУ и ММФ

Грчкиот премиер Андонис Самарас во пресрет на пристигнувањето на инспекторите на „тројката“ меѓународни кредитори во Атина, изјави дека не станува збор за војна туку за обични преговори.

При оваа посета тимот на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка ќе одлучи дали на Грција да и ја исплати следната транша од договорениот заем.

„Пред се сакам да кажа дека треба да се елиминира помислата дека сме во некој вид на војна“, изјави Самарас синоќа, нагласувајќи дека Грција само води преговори.

 

Инспекторите oд „тројката“ кон средината на септември ја почнаа проценката на напредокот на Грција во исполнувањето на договорените цели, но на крајот на септември направија пауза на процесот на оценка, наведувајќи оти тоа го прават од технички причини.

05.11.2013 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа