И НАТО ги осуди изборите во Косово

НАТО остро ги критикува вчерашните локални избори во Косово, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Такво однесување не може да биде толерирано, силите на КФОР интервенираа веднаш по барањето на ЕУЛЕКС, распоредениет тимови за брзо реагирање обезбедија слободно движење кон избирачките места, нагласи тој.

Расмусен ги оцени изборите како важен дел од процесот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Не може насилството да биде дозволено да го попречува овој процес, истакна тој. 

Според генералниот секретар на НАТО КФОР ќе продолжи да интервенира решително за обезбедување на мир на целата територија на Косово.

04.11.2013 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега