Тој ќе ја наследи Меркел: Кој е Армин Лашет кој ЦДУ го избра за нов претседател на партијата
Трката за лидерското место на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) беше неизвесна. а се водеше меѓу тројца мажи: Армин Лашет, премиерот на сојузната германска држава Северна Рајна - Вестафалија, корпоративниот адвокат Фридрих Мерц и експертот за надворешна политика Норберт Ретген.
Гласањето во саботата се случило на почетокот на клучната година за германската политика - во септември се одржуваат парламентарни избори, а Меркел планира да оди во политичка пензија после својот моментален, четврти мандат на чело на најголемата држава во ЕУ.
Премиерот на германската западна, индустриска држава Северна Рајна-Вестфалија се претставил како кандидат за континуитет на Меркел. Тој е политички најблизок до Меркел и единствен кандидат од тројцата кои канцеларот не ги потиснал од фронталната политика.
59-годишниот Лашет рекол дека е еден од клучните предизвици на Германија да остане индустриска сила додека се бори против климатските промени и создава силна социјална кохезија. „Многу незадоволства во друштвото, толку агресија, толку бес, толку омраза“, рекол тој во февруари.
Ројтерс во октомври анкетираше две десетини високи личности во ЦДУ и сите открија дека очекуваат дека Лашет ќе победи. Но вториот бран на Ковид 19 во Германија промени се. Од октомври вкупниот број случаи и смртни случаи на Ковид 19 од прилика се зголеми за четири пати, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Државата на Лашет е една од најпогодените во регионот.
Државниот премиер гласно заговарал за попуштање на ограничувањата како заклучувањето во јуни и ја одбил секоја врска меѓу ублажување и скокот на случаите на вирусот, само за на есен да мора да помогне во организирање на второто заклучување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа