Кардашијан до олтарот ќе пристигне со слон

Ким Кардашијан и Кание Вест ја подготвуваат својата голема венчавка. Како што пишуваат американските медиуми старлетата ќе смени дури четири венчаници, а на свадбата ќе има играчи со оган, акробати и специјални преформанси, а се зборува и дека таа до олтарот ќе стигне качена на слон.

Како што најавил Кание свадбата ќе биде најлудата забава направена било кога.

„Тој сака ова да биде најголемо и најдобро шоу на земјата. Сака играчи со иган, акробати и специјални перформанси кои ќе ги изведуваат неговите пријатели. Планира тој и Ким да стигнат до олтарот качени на слоонови“, наведува извор близок до парот.

Големата венчавка ќе се одржи во Лос Анџелес, а журки ќе има и во Њујорк и Мајами. Во организацијата на Кание му помагаат пет асистенти.

 

Сепак овој голем настан за семејството нема да биде снимено во Keeping Up With the Kardashians.

31.10.2013 - 15:39

најчитано сега