И во Албанија ќе се уништува сириското хемиско оружје?

Не е отфрлена можноста да откриеното хемиско оружје се уништи и во Албанија. „Глобал секјурити њузваер“, повикувајќи се на свои извори и голем број невладини експерти од областа на безбедноста и разоружувањето истакна дека дестинации каде би можело да се уништи оружјето би можеле да бидат и делови од Белгија, Франција и други европски земји.

Пол Вокер, еден од раководителите на еколошката организација Меѓународен зелен крст, истакна дека САД побарале „повеќето, ако не сите од западноевропските сојузници“ да прифатат дел од сириското хемиско оружје со цел да биде уништено. 

31.10.2013 - 12:09