ВИДЕО: Успешно избегнувал проектили, но од едно нешто не можел да избега - снимено како е соборен дрон на азербејџанската војска

 

Системите на противвоздушната одбрана на Нагорно-Карабах собориле неколку летала на азербејџанското воздухопловство и ја уништиле нивната воена опрема, напишала на својот Фејсбук профил портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан.

Во последните 24 часа соборени се најмалку две беспилотни летала, како и еден авион.

„Во тек се борби на различни правци од фронтот, уништен е воен екипаж и оружје на противникот, посебно тенкови“, истакнала Степањанова.

На една од снимките може да се види нападот на азербејџанските дронови, но не успеале да го избгнат ерменското ПВО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега