ФОТО: Еди Рама објави фотографија од Лешница на Шар Планина и напиша „Прекрасна Албанија“
Премиерот на Албанија, Еди Рама објави фотографија од прекрасниот регион Лешница на Шар Планина. Во опис на фотографијата тој напиша: „Прекрасна Албанија!“.
Ова предизвика реакции на македонските граѓани по социјалните мрежи.
Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, односно во градниот кош на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка. Оваа мала долина се протега на простор од околу 1.000 хектари и е распространета помеѓу клисурите на: Пена, Лешничка Река, Кривошијска Река и Скакалска Река.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа