Рашче: Украдени компјутер и фото-проектор од училиште за време на велигденските празници
Вчера во 8 часот и 35 минути во полициската станица во Ѓорче Петров е пријавено дека во основното училиште Дрита во селото Рашче е извршена тешка кражба за време на велигденските празници.
Кражбата била извршена на тој начин што непознат сторител со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол во канцеларијата на педагогот и одзел компјутер и фото-проектор.
Со тоа крадецот се стекнал со 35.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.