Грците се најнесреќен народ во Европа
Според едно направено германско истражување, Грците се најмалку среќниот народ во Европа. Во рамките на истражувањето „Атлас на среќата“ двајца германски научници дошле до заклучок дека разликата во среќа меѓу Европејците е се поголема. Од 2002 година па навака, кога е започнато со ваквото истражување, разилакта во среќа меѓу Европјаните е најголема. Ако разликата во среќа меѓу Грција и Данска тогаш изнесувала 3,4 поени, таа сега е зголемена на 5,5.
Во 2007 година според резултатите од истражувањето „среќата“ на Грција била оценета со 5,7 оценки, а сега бележи намалување на 3,4 поени.
Слична е ситуацијата и со останатите земји зафатени од кризата, каде оценката „среќа“ бележи значителен пад. Спротивно на тоа, оценката „среќа“ за Балтичките земји бележи раст во овој период, наведува весникот „Вима“.