Патниците се спасиле во последен момент - нови детали за запалениот автобус на ЈСП во Сопиште
Еден од украинските автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) со број 58 се запалил денеска во Општина Сопиште.
Според сведочењата на очевидци, автобусот, кој се наоѓал во близина на приватни куќи и дрва, започнал да гори од задниот дел. Брзата реакција на патниците овозможила веднаш да го напуштат возилото и нема повредени лица.
Од противпожарната бригада веднаш пристигнале на местото на настанот и го изгасиле пожарот, спречувајќи го понатамошното ширење на огнот.
Сепак, инцидентот предизвика загриженост кај локалното население поради близината на приватните куќи и растителноста. Засега нема информации за причините за пожарот, а истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа