Сами ќе гласаат за своите кандидатури за претседател на СДСМ

 

 

За своите кандидатури ќе си одлучуваат самите. Дури тројца од четирите најсериозни кандидати за нов претседател на СДСМ се членови на партискиот Извшен одбор кој ќе треба да расправа по поднесените кандидатури и да излезе со конечен став, кој од кандидатите може да излезе пред Конгресот и да побара претседателски мандат на Бихаќка, пишува Утрински весник во денешниот број.
И Зоран Заев и Зоран Јовановски но и Игор Ивановски се дел од Извршниот одбор на СДСМ кој на седница на 16 мај ќе треба да состави предлог листа на можни кандидати за претседател на СДСМ. Во Извршниот одбор на СДСМ кој заедно со претседателот Црвенковски брои 24 члена членуваат уште и Гордан Георгиев и Ана Павлова-Данева, кои го поддржаа Јовановски, и Емилијан Станковиќ кој застана зад кандидатурата на Ивановски.
Единствен кој нема влијание во партиските тела е Кире Наумов кој неколку години се дистанцираше од партискиот живот.

Фото: Утрински