Полицијата ги фати: Украле 61 компјутер од училиште во Скопје

МВР поднесе кривична  пријава  против  К.С. (19) од Скопје и Х.П. (22) од Прилеп заради основано сомнение дека на 23 октомври украле 61 лап топ компјутери од ОУ „Стив Наумов“.

Според сознанијата на полицијата, двајцата влегле во училиштето со насилно отворање на еден од прозорите. По извршената кражба, со мотор го напуштиле местото, носејќи ги со себе украдените компјутери и се упатиле во куќата на С.К. Компјутерите ги сокриле во шупата што се наоѓа во дворот од куќата.

По добиени оперативни сознанија, на 25 овој месец полицијата го привела С.К. и по извршениот разговор со него тој го признал делото. Извршен е претрес во домот на А.К. (татко на приведениот), каде што се пронајдени вкупно 47 лап-топ компјутери, 5 мауси, 52 адаптери-полначи за лап-топ, и еден ранец. Веднаш потоа, приведен е и Х.П., од кого е одземен еден лап-топ, еден маус и еден полнач, а по извршениот разговор со него, и тој го признал делото.

Пронајдените предмети се одземени.

28.10.2013 - 13:15

најчитано сега