ВИДЕО: Дрогба закуца од слободен удар - Просинечки на последното место во Турција

По поразот од Галатасарај со 2:4 во 9 коло од турската лига, фудбалерите на Кајзериспор паднаа на последното 18 место на табелата. 

Галатасарај поведе со головите на Снајдер и Шедиу, а изедначија Муша и Јаја. Но Јилмаз во 57 и Дрогба со фантастичен погодок од слободен удар во 74 минута го забетонира Просинечки на последното место. Галатасарај во моментов се наоѓа на третото место со шеснаесет бодови, шест помалку од Фенербахче. 

 

 

28.10.2013 - 13:11

најчитано сега