Нема повеќе улични претстави со мајмуни во Индонезија

Турисите во главниот град на Индонезија, Џакарта, ќе бидат лишени од можноста да ги гледаат претставите со мајмуни низ улиците на овој град. Властите покренаа акција за спасување на овие животни и спречување на нивното малтретирање. За таа цел одвија парични средства со кои за секој мајмун ќе платат по 90 долари,  а истите ќе бидат згрижени на околу хектар земја која за нив е одвоена во зоолошката градина Рагунан во Џакарта. 

За дресерите на мајмуните кои досега приредуваа улични претстави и така заработуваа за живот, властите ќе обезбедат обука за нови бизниси.

28.10.2013 - 11:19

најчитано сега