Цела нација оплакува смрт на риба: Тагуваат власта и опозицијата, а најтешко им е на студентите
Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу се придружи на општонародното тагување поради смртта на риба која живеела во езерце на вториот најголем Универзитет во таа земја.
Студентите на Универзитетот Копербелт запалија свеќи и се прошетаа низ кампусот во знак на сеќавање на големата риба.
RIP.....glad u had a special send off by the CBU student community. pic.twitter.com/Dn9gMnfogz
— Minister Higher Education, Zambia (@HonMushimba) September 7, 2020
Во последните две децении, студентите на Универзитетот веруваат дека рибата „Мафиши“ ќе им донесе среќа на испитите. „Мафиши“ што во превод од локалниот бемба јазик значи „голема риба“ била стара најмалку 22 години, а во езерцето на Универзитетот живеела повеќе од 20 години.
Смртта на рибата и натаму се истражува, наскоро ќе биде организирано и посебно испраќање, а се размислува и за балзамирање на „Мафиши“.
„Таа беше икона на нашиот Универзитет. Самото гледање на рибата носеше мир во нашите души пред испитите и во тешките моменти“, изјави студентот Едвин Намбо.
Претседателот Едгар Лунгу го цитираше Махатма Ганди во својата порака по повод смртта на рибата: „Величината и напредокот на некоја земја можат да се мерат по тоа како ги третира своите животни“.
И лидерот на опозицијата, Хакаинде Хичилема изјави: „Сочувствуваме си студентите и вработените во Универзитетот поради смртта на нивната сакана риба“.
CBU mourns #Mafishi pic.twitter.com/xccZXZtnjD
— Edwin Namb (@NamboEdwin) September 7, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа