Откриена Атлантида - бразилски геолози открија камен од изгубениот град
Бразилски геолози откриле камен за кој што се верува дека би можел да биде дел од големиот изгубен град Атлантида, место за кое се верува дека пред 100 милиони години потонало во длабочините при раздвојувањето на Африканскиот и Јужно Американскиот контингент. Каменто бил откриен на 1500 километри од брегот во висина на Рио де Женеиро.
Лидерот на тимот Роберто Вентура Сантос, пред две години на океанското дно пронашол примероци на гранит, камен кој може да се најде само на континент, но не и во морето и дека тој би можел да биде доказ за постоењето на древна Атлантида.
- Тоа би можело да биде бразилска Атлантида. Речиси сме убедени во тоа, но потребно е нашата хипотеза да ја поткрепиме со нови докази, рече тој.
- Конечниот научен наод ќе го добиеме оваа година по новите дупчења и анализи на подводниот камен, истакна Вентура Сантос.
Тој истакна дека минатиот месец група истражувачи од Бразил и Јапонија изврши истражување на геолошкото подморје по должината на бразилскиот брег.
- Врз основа на тие анализи, почнавме да увидуваме дека тоа цело подрачје би можело да биде дел од Атлантида, континент кој исчезнал во морето пред повеќе милиони години, истакна Вентура Сантос.