Рајков: Скопје е посеан со споменици на бугарски национални херои - делиме иста историја и минато
Вчера на прес-конференција премиерот на Бугарија Марин Рајков изјави дека Македонците и Бугарите биле еден народ.
- „Македонија и Бугарија делат заедничка јазична традиција, иста историја, исто минато. До 1945 година сме биле дел од еден народ. Ние ја признавме независноста на Македонија, но има и историски реалности кои Македонија треба да ги признае“, вели премиерот на Бугарија Рајков.
- „Најпосле централниот плоштад во Скопје е посеан со споменици на бугарски национални херои и тоа е нивен сопствен доказ дека имаме исто минато“, додава Рајков.
Рајков за врема на вчерашната прес-конференција не го користел уставното име на Македонија туку ја именувал како Поранешна југословенска Република Македонија.
ФОТО:Сител