ФОТО: Откриени тројцата браќа одговорни за киднпирањето на трите жени во Охајо
Јавноста во Охајо можеше да ги погледне фотографиите од тројцата браќа Ариел Педро и Онил Кастро, кои што киднапирале три жени и ги држеле во заложништво десет години. На никого не му е јасно како жените успеале да бидат незабележани во куќата толкав период. Еден од агентите на ФБИ, Стив Ентони истакна дека трите жени покажале како може да се преживее, и што значи да се биде упорен. Нивните семејства никогаш не се откажале од нив. Аманда Бери една од жените која исчезнала на 16 години, покажала имала емотивна средба со нејзината сестра по нејзиното пронаоѓање. Останатите две сестри се добри и се наоѓаат на безбедно. Со нив заедно било спасено и шестгодишно девојче за кое полицијата вели дека е ќерка на Аманда Бери.
Заедницата во која живеат овие жени е пресреќна поради нивното спасување, но бараат одговори на прашањето како никој не ги пронашол порано, со оглед на тоа дека повеќепати се јавувале за да пријават сомнителни активности во куќата