И тоа се случува: На првата брачна ноќ по грешка имала секс со деверот
Извесна Хуанг, невеста од регионот Guangksi Zuang во Кина, наводно поради забуна имала секс со деверот на нејзината брачна ноќ, па потоа го тужила за силување.
Хуанг на судот раскажала како доцна во ноќта станала затоа што морала да оди во тоалет, па при враќањето ја промашила собата затоа што во темницата ништо не гледала.
Кога се вратила во креветот, почнала да го мази деверот Руан, по што тој се разбудил и решил да го земе тоа што му се нуди.
Дека имала секс со погрешен човек, сфатила дури утрото кога се разбудила, по што почнала да вреска и да ги буди сите роднини и гости кои преноќиле во хотелот кај што се одржала свадбата.
Хуанг од деверот најпрво барала отштета од 2500 евра, а кога овој одбил да плати го тужила на суд.
На негова среќа, ослободен е од тужбата дека ја силувал, затоа што е утврдено дека со него спиела по сопствена волја и дека деверот во ниеден момент не се преправал дека е нејзиниот новопечен сопруг.
25.10.2013 - 19:52