СДСМ не побарале одржување на Анкетната комисија за протестот на новинарите

 

Претседателот на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Беким Фазлиу соопшти дека пратениците од СДСМ до него не доставиле барање за тој да закаже седница на која би се расправало за протестот на новинарите од 23 октомври.

- Нема такво барање до мене, а кога ќе биде ќе видиме, вели тој. Фазлиу на средба со новинарите посочи дека неговата матична партија ДПА и пратеничката група имаат различен пристап во нивната улога во функционирањето на Собранието, вклучувајќи ги и работните тела.

Тој појаснува дека владејачкото мнозинство има мнозинство во Постојаната анкетна комисија и какви било заклучоци или одлуки не може да донесеме затоа што тие нема да бидат поддржани од мнозинството.

25.10.2013 - 16:28

најчитано сега