Кличко за претседател на Украина!
Светскиот боксерски првак Виталиј Кличко ќе се кандидира за претседател на изборите во Украина во 2015 година.
Кличко ќе му биде противнички кандидат на актуелниот прв човек на дражавата, Виктор Јанукович, а е сојузник на Јулија Тимошенко, која веќе одамна е во затвор.
Потврдата на кандатурата на Кличко стигна откако Јанукович најави донесување закон со кој би се забранила можноста на оние кои имаа живеалиште во странство да се борат за позицијата шеф на земјата, меѓу кои е и Виталиј, на што Кличко одговори: - „Имам живеалиште во Германија, меѓутоа тоа не е спротивно на украинскиот закон и не ми го анулира моето државјанство. Ќе се кандидирам за претседател“.
25.10.2013 - 09:45