Спорот за името се споменува и таму каде најмалку очекуваме

 

Прашањето за името на Република Македонија беше споменато на денешната седница на грчкиот Парламент, на која пратениците ја ратификуваа Мултилатералната спогодба меѓу ЕУ и други земји за заеднички европски воздушен простор.

Владејачките Нова Демократија и ПАСОК го поддржаа договорот, но, другите партии, на чело со најголемата опозициска група Сириза гласаа против тврдејќи дека го повредува националниот суверенитет на Грција.

Според пратениците од опозицијата, на овој начин се создава простор Скопје да го користи името „Македонија“ за авиони кои ќе влегуваат во воздушниот простор на Грција и ќе слетуваат на грчки аеродроми.

Заменик-министерот за инфраструктура и транспорт , Михалис Пападопулос, одговарајќи на забелешките на опозицијата, рече дека националните интереси на Грција се целосно покриени, и оти сите партнери во целост ги имаат прифатено законите за воздухопловство утврдени со одлуки на Советот за безбедност и европските стандарди.

Тој додаде дека ова е многу важен договор и е чекор напред во воздухопловниот сектор кој ќе игра одлучувачка улога во промовирањето на интегрирана Европа. ј

24.10.2013 - 14:57

најчитано сега