Еруптираше вулкан во Индонезија
Во западна Индонезија денеска еруптираше вулканот Синабунг лоциран во провинцијата Северна Суматра. Вулканот исфрли црн пепел во висина од три километри.
Селата, фармите и дрвата околу вулканот, висок 2.600 метри, се прекриени со дебел слој на пепел, поради што властите морале да евакуираат над 3.300 лица.
24.10.2013 - 14:05