ФОТО: Ова е малолетникот кој го загуби животот поради пластична пушка
Ова момче е тинејџерот кој го загуби својот живот откако полицијата во Калифорнија пукаше во него бидејќи носел пластична пушка, за која тие претпоставиле дека е вистинска.
Се работи за 13-годишниот Енди Лопез кој бил застрелан од страна на двајца полицајци откако го предупредиле да го фрли автоматот, но подоцна било утврдено дека станувало збор за играчка.
Детето за жал го загубило животот на местото на несреќата.
24.10.2013 - 13:36