Вучиќ воведе рестриктивни мерки: Ако не дадат резултати ќе го затвориме Белград
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека две недели ноќните клубови и „сплавови“ ќе се затвораат од 23:00 до 06:00 часот, но истото ќе важи и за кафулињата и студентстките клубови.
-Би сакал да имаме поповолна ситуација, но најголем проблем е Белград. 82,5 отсто од заразените се во Белград, вели Вучиќ.
Тој објасни дека во српската престолнина живее 22 отсто од населението и оти Белград е ново жариште.
Најавено е затворање и на студентските домови. Меѓутоа, белградските медиуми пишуваат дека откако Вучиќ разговарал со студентите, таа одлука е повлечена.
За студентите кои нема да ги почитуваат мерките следува казна меѓу 5.000 и 6.000 динари (2.600 – 3.100 денари).
Во затворен простор ќе биде дозволено собирање до 100 луѓе, а на отворено до 500.
-Тие мерки кои стапуваат во сила од утре, а ако не дадат резултати и не биде доволно ќе одиме понатаму. Да можев да одлучев сам би го затворил Белград и би вовел полициски час, истакна Вучиќ, додавајќи дека ако мерките не дадат резултати во следните четири дена српскиот главен град ќе биде затворен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа