ДНК тестот потврди: Синиот ангел е дете од ромското семејство

Синиот ангел од денеска повторно е со своите родители Роми. Како што пишува Гардиан, русокосото девојче е вратено во своето ромско семејство во Даблин откако ДНК анализата потврдила дека двајцата Роми од Ирска се неговите биолошки родители 

Претходно во вторникот ирската полиција го одзеде русокосото седумгодишно дете коешто живеело во дом во местото Талафт, пошироката околина на Даблин, и го предаде на ирската здравствена служба врз основа на законот за заштита на децата од 1991 година, бидејќи родителите не можеле да го потврдат идентитетот на девојчето а таа била единствената русокса во ромското семејство.

 

 

24.10.2013 - 00:22

најчитано сега